HTC U пристига на 16 мај

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.04.2017 - 21:02

Со слоганот 'Squеeze for the brilliant U', компанијата HTC го најави новиот модел на паметен телефон.

Уште од порано слушнавме за паметниот телефон кој се развива под името Ocean вероватно ќе биде наречен HTC U, а наводно ќе има и таканаречен Edge Sense. Тоа не е во потполност нов концепт, бидејќи јапонската компанија NT Docomo го претстави Grip UO, кој е дизајниран да се демонстира употребата на куќиштето со иста технологија. Сензорите овозможуваат развивање на апликацијата, гласовните пребарувања, отклучување и слично. HTC ќе биде најдобрата интерпретација на оваа идеја.

HTC U би требало да има 5.5 инчен екран со резолуција од 2560х1440 пиксели, процесор Snapdragon 835, 12MP задна и 16MP предна камера, а ќе користи и оперативен систем Android Nougat 7.1.