Хрватите вовеле казни за непримерни туристи!

Хрватите вовеле казни за непримерни туристи!

Хварскиот градоначалник, Рикардо Новак по неколку најави сега им објавил војна на неморалните туристи, па овој викенд на влезот во Хвар се појавила табла со предупредување на гостите и казните кои ги очекуваат во случај на непримерно однесување. 

Градоначалникот Новак неодамна ги прозвал британските туристи поради пијанењето и голотијата.

“Повраќаат низ град, уринираат на секој агол, одат без маица, спијат на градски површини, се тресат наоколу и не знаат за себе”, рекол Новак во интервјуто за Slobodna Dalmacija.

“Се си има свои граници. Угостителите не треба да примаат голи гости во своите објекти и треба да престанат да им точат алкохол ако видат дека испиле премногу”, додал Новак.

Тој рекол дека не сака Хвар да биде исклучиво “парти” дестинација.

“Младите туристи се добредојдени, но мора да знаат како да се однесуваат тука. Заработка по секоја цена не е туризам каков што сакаме на островот”, рекол Новак.