Хранливи состојки со кои се градат мускули

Хранливи состојки со кои се градат мускули

Кога станува збор за здравјето на мускулите, за него дефинитивно е најзаслужен протеинот, бидејќи аминокиселините од него се истите оние од кои се создадени мускулите и токму затоа возрасните лица имаат потреба од 25 до 35 грама протеин од секое јадење за да ги одржуваат мускулите силни и здрави.

Еве уште неколку хранливи состојки кои го подобруваат здравјето на мускулите, но и на целото тело:

1) Калциум

Како што е важен за здрави коски, калциумот е важен и за градење на здрави мускули. Суштински дел од контракцијата на мускулите е регулацијата на калциумот, а неговото испуштање во мускулите ја започнува секоја контракција – без разлика дали дигате тегови или куцате на тастатура.

Возрасните имаат потреба од 1000 до 1300 милиграми калциум дневно, кои можат да се внесат преку млекото, зеленчуците со зелени листови, лососот или тофуто. Доколку имате потешкотии со некоја од храниве, консултирајте се со доктор во врска со земање на суплементи кои содржат калциум.

2) Витамин Д

Овој витамин има скоро идентична функција како калциумот. Поради тоа, движете се на сонце, јадете жолчки од јајце, печурки, масни риби како и зајакнати млечни производи.

3) ХМБ

Позната и како бета-хидрокси бета-метилбитрат, оваа состојка ја има во вашиот крвоток во мали дози откако телото ќе го разложи леуцинот – аминокиселина која ја има во јајцата, сојата, месото и рибата. Истражувањата покажале дека ХМБ го забавува распаѓањето на мускулите, особено кај неподвижните (постари) личности, како и оние кои не тренираат.

Бидејќи потребната дневна доза ХМБ е еквивалентна на внес на 600 грама протеин или 60 грама леуцин, што е невозможно, решението е во суплементацијата во вид на протеински прашоци или ХМБ прашоци.

4) Цинк

Цинкот го подобрува имунолошкиот систем и помага при заздравување на мускулите по вежбањето. Тој ја надополнува синтезата на протеинот – процес преку кој протеинот кој го внесувате преку јадењето станува дел од мускулите. Главни извори на цинк се црвеното месо и живината, како и школките, додека вегетаријански опции се гравот и грашокот, меѓу другите.