Храм стар 500 години е видлив откако се исушило езерото

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 12:17

Доминиканскиот црковен храм во Мексико од 16-от век, со децении бил потопен поради изградбата на браната Бенито Јуарез во 1964 година, но неодамнешната суша повторно ја откри нејзината убавина.

Деловите од црквата се видливи секоја година во текот на сушниот период, но оваа година сушата е толку голема што црквата е видлива скоро во целост.

Иако тоа им изгледа како навистина интересна можност на фотографите да направат ретки фотки, сепак ова е лоша вест за локалното население, бидејќи тоа е знак дека ги очекува криза за чиста вода за пиење.

Ние мора да признаеме дека иако оваа црква изгледа навистина мистично и егзотично, сепак нашата потопена црква во Маврово изгледа поубаво.