Хоуп Соло била сексуално нападната од Сеп Блатер!

Хоуп Соло била сексуално нападната од Сеп Блатер!

Хоуп Соло со своите настапи и успеси за американската фудбалска репрезетанција во периодот од 2000 до 2016 година се претвори во најпозната и најдобра американска голманка на сите времиња, а сега една нејзина нападна изјава во јавноста предизивка шок меѓу медиумите.

Неповторливата Соло минатата година стави крај на својата незаборавна 16-годишна етапа во националниот дрес, но она што сега одлучи да го сподели со јавноста е еден инцидент за кој всушност молчела цели четири години. Соло открива дека била сексуално нападната од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер за време на церемонијата на „Златната топка“ во 2013 година, ситуација која одлучила да ја надмине и да не покаже ништо на сцената од почит кон својата колешка на која и ја врачи наградата за најдобра фудбалерка.

– Сеп Балтер ми го зграпчи задникот. Тоа се случи за време на церемонијата на „Златната топка“, моменти пред да излеземе заедно на сцената. Таквите сексуални напади за некои се нормални, знаев дека нема да постигнам ништо ако се жалев веднаш. После тоа никогаш не го видов, сакав да му го кажам тоа в лице, јас секогаш го кажувам тоа што имам да го кажам в лице. Во тие моменти се воздржав само за да останам сталожена на сцената, мораше да бидам насмеана кога и ја давав наградата на мојата драга пријателка Еби Вамбах, – открива Соло за „Трибуна Експресо“.