Honda со најинтересен електричен автомобил

Honda со најинтересен електричен автомобил

Honda на салонот во Франкфурт претстави интересен концепт на електричен градски автомобил со име Urban EV, кој веќе во 2019 година ќе се најде во сериско производство.

Наменет е за Европа, каде Јапонците во последниве неколку години играат на сигурно. Оние кои се барем малку подобри познавачи на Honda, посебно на постарите модели, можеби во овој концепт ќе препознаат и понекоја црта од првата генерација на Civic. За жал, Honda не кажа скоро ништо од техничките детали за него, Honda Urban EV кои ќе останат голема непознаница. Сепак, од јапонската компанија најавија дека серискиот автомобил би требало да има автономија од околу 300 до 350 километри. Не мораше да кажат бидејќи се забележува дека Urban EV е за десетина сантиметри пократок од Jazz. Ентериерот му е во согласност со дизајнот и збогатен со камери и широк дигитален дисплеј. Има место за четворица, а вратите му се отвораат наназад. Приликата од Honda ја искористија да кажат и дека се надеваат дека од 2025-та во Европа и пет години потоа глобално електрифицираните автомобили би сочинувале две третини од нивната продажба. Инаку, Honda е најголем производител на мотори во внатрешно согорување во светот.