Холивудскиот глумец кој ќе го толкува ликот на Никола Тесла

Холивудскиот глумец кој ќе го толкува ликот на Никола Тесла

Итан Хук ќе го игра Никола Тесла во новиот филм “Тесла”, кој се појави на берлинскиот филмски пазар.

“Тесла” е претставен на европскиот филмски пазар на Милениум Медиа, а на новиот филм Итан повторно ќе се сретне со сценаристот и режисер Мајкл Алмејдејд со кого работеше на филмовите “Хамлет” и “Кимбелин”.

Биографски филм, произведен од Passage Pictures и Campbell Grobman Films, хронолошки ќе го следи животот на српскиот пронаоѓач на електрична енергија, неговиот изум и патенти: индуктивен мотор, трифазен систем за пренос на електрична енергија, генератор и трансформатор за високи фреквентни струи, но исто така ќе го покаже неговото ривалство со Томас Едисон.

Снимањето ќе започне на пролет во Њујорк.