Хју Џекмен и сопругата, вљубени како пред 20 години (фото)

Извор: idividi.mk | Објавено: 12.04.2016 - 21:33

Австралиската мега ѕвезда Хју Џекман и сопругата Дебора Ли Фернес оваа недела прославуваат редок јубилеј за лица во Холивид, 20 години поминати во брак.


20-годишнината од бракот Хју и Дебора ја прославија со одмор во егзотичниот остров Сент Батс, а од папараци фотографите двајцата беа „уловени“ во карипскиот рај.

Двајцата уживаа во водите на Атлантскиот океан, а подоцна и на плажите во тропското одморалиште Сент Батс. Хју и Дебора се венчаа на 11-ти април 1996-та година, кога и двајцата беа непознати актери кои се пробиваат во шоубизнисот.

Кариерата на Хју доживеа успех во 2000-та година со филмот X-Men во кој ја толкуваше улогата на Волверин, а Дебора ја стави кариерата на пауза за да се грижи за двете деца. Хју и Дебора се родители на две посвоени деца, синот Оскар и ќерката Ава.