Хип хопот е најслушана музика во 2017та година!

Хип хопот е најслушана музика во 2017та година!

“Nielsen” за 2017та година спровела истражување за најзастапениот музички жанр, наведувајќи дека хип-хопот за прв пат ја надминал рок музиката како досега најпопуларен музички жанр во САД.

“Nielsen” е водечка глобална компанија за истражување на пазарот, а покрај останатото таа овозможува увид во тоа што луѓето најчесто гледаат, слушаат и купуваат. Нивниот годишен извештај за “музичката побарувачка” во САД за 2017 година вели дека хип-хопот за прв пат во историјата ја надминал рок музиката.

Тие во текот на истражувањето навеле 10 најпопуларни уметници на целата сцена, а во предвид ги зеле продажбата на албуми, аудио и видео стримингот на интернет и други параметри.

Двата најпопуларни артисти се Дрејк и Кендрик Ламар, додека помеѓу останатите 10 се најдоа и Future, The Weeknd и Еминем. Единствени помеѓу нив кои не се претставници на хип-хоп или R&B жанрот се Ед Ширан и Тејлор Свифт.

Побарувачката за хип-хоп на интернет, по пат на стриминг, е во пораст за 59 отсто во САД.