Хет трик за само осум минути! (видео)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.03.2017 - 19:50

Палермо поведоа по половина час игра кога Андреа Рисполи го совлада Џо Харт од 20 метри, меѓутоа потоа на сцена стапи 23-годишниот Белоти.


Играчот кој две сезони играше во Палермо, израмни во 74. минута, две минути подоцна донесе водство за Торино, а го комплетираше хет-трикот во 81. минута за да стигне до 22 гола во 2017.

Леонардо Бонучи постигна гол со глава во второто полувреме, за Јуве да одиграат нерешено првпат оваа сезона и да останат со 67 поени од 27 натпревари. Рома имаат 59 по 2:1 домашниот пораз од Наполи во саботата, додека Наполи заостануваат уште два поени.