Хакерите се закануваат дека ќе го објават продолжението

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.05.2017 - 21:13

Пиратите на интернет тврдат дека постои необјавена копија на најновото продолжение на Пирати на Карибите и дека ќе го објават доколку Дизни не им го исплати тражениот износ.

Магазинот Deadline објави дека и FBI е вклучен во истрагата и дека Дизни нема намера да го исполни барањето на хакерите.

Неодамна е одржана премиерата на филмот во Шангај, а режисерот Џоаким Ронинг потврди дека ова нема да е последен дел на франшизата.

'Ова е почеток на финалето, но не знам дали ќе е последен или ќе снимиме уште 10 продолженија. Не знам навистина, но се надевам.' - изјави режисерот.