Хајди без грам шминка на насловна страна

Хајди без грам шминка на насловна страна

Преубавата германска манекенка позирала во природно издание во најновиот број на нивниот најпознат германски магазин “Harper’s Bazaar”.

Хајди Клум е една од најпосакуваните жени на денешницата, а многумина би рекле и дека е една од најубавите жени на светот. Познатата манекенка се нашла на насловната страна на германското издание на списанието “Harpers’ Bazaar”, а тоа што е интересно е дека таа позирала за насловната без грам шминка.

“Без шминка. Се чувствувам слободно”, напишала Хајди и ја објавила фотографијата.

Секако, фотографијата предизвикала многу коментари кои во главно биле позитивни. “Ми се допаѓа. Природна убавина”, биле само некои од коментарите.

Тоа што е сигуирно, е дека многу други не би се одлучиле да позираат без шминка за насловната страна за некое списание.