Гвен Стефани: Моите деца за Божиќ сакаат поклони од Гучи

Гвен Стефани: Моите деца за Божиќ сакаат поклони од Гучи

Гвен Стефани ја шокираше јавноста со изјавите од страна на нејзините деца, за кои тврди дека сега почнале да бараат скапи поклони за празниците.

Пејачката која прв пат ќе ги прослави празниците со партнерот Блејк Шелтон, откри какви желби имаат нејзините деца.

Најстариот син сега почна да сфаќа што се брендови. Ние на 11 години во 5 одделение носевме обични фармерки, а тој дојде и ми бараше Гучи. Не ми е воопшто јасно кај го слушнал тоа – изјави таа за синот Кингстон Џејмс и додаде дека се надева дека брендот Гучи ќе му обезбеди поклони.

Колку се децата помали, толку е полесно. Се сеќавам на себе, кога бев дете, доволно беше да видам кукла во каталог. Колку бев постара толку на родителите им беше тешко да ми најдат поклон – изјави таа.