GusGus и Mathew Jonson во Скопје!

Објавено: 21.04.2017 - 16:40

GusGus и Mathew Jonson во Скопје!
https://www.residentadvisor.net/dj/gusgus
https://www.oz.com/gusgus
https://www.residentadvisor.net/dj/mathewjonson

Local Support:
Kanton6 Live
DJ Zoki Bejbe

Дата:
22 Април 2017
Локација:
Скопски Саем, Хала 5

Цена на билети:
500 МКД (лимитирани 300 билети)
600 МКД (предпродажба)
700 МКД (на влез)
300 билети лимитирани по цена од 500 ден се пуштени во продажва во Излет Кафе,Радио Бар и Кино Карпош исто така билети можете да набавите и во Хаш Бар Југотон, online http://mktickets.mk/nastan/gus-gus/ и во Битола во Јагода Бар.

#WinMusicFreedom #StayYou

GusGus е едно од водечките имиња на електронската сцена со нивната кариера која се протега низ цели 20 години! Бендот е една од ретките појави на оваа сцена кои успеале да останат релевантен музички фактор толку долго. Составот ротираше повеќе имиња, но од основачите во бендот се уште членуваат Biggi Veiran и Daníel Ágúst, а во моментов трет член е Högni Egilsson.

Формирани се во Исланд во 1995 година како филмско/музички колектив. Нивниот прв издаден албум станува најпродаван во Исланд, а веќе следната година потпишуваат договор со издавачката куќа 4AD. По издавањето на Polydistortion (за 4AD/Warner) во 1997, GusGus го бетонираат својот статус на едни од најбараните електронски бендови на планетава.

Со кариера која се протега низ цели 20 години, GusGus продуцираат секакви можни електронски жанрови, од techno до trip-hop, од house до progressive, па и поп!

Посебно внимание предизвикува нивниот албум Mexico на кој магично претставуваат нумери од synth-pop (Obnoxiously Sexual), deep techno (Mexico), progressive house (Airwaves), до мега-хитот Crossfade