И Гучи престанува да користи животинско крзно

И Гучи престанува да користи животинско крзно

Модната куќа Гучи ќе престане да користи животинско крзно во своите колекции, почнувајќи од сезоната пролет-лето 2018 година.

Организацијата Humane Society, кое поддржува сојузник на модни куќи без крзно, вчера изјави дека најавата на Гучи значително ја променила ситуацијата бидејќи била “можеби најголемата објава за крзно што се продава во светот”.

Директорот на Гучи, Марко Бизари рече дека оваа куќа веќе нема да “користи, промовира и рекламира крзна од животни”, почнувајќи од машка колекција која ќе биде претставена во јануари и женска колекција во февруари.

Гучи рече дека останатите предмети од животинско крзно ќе бидат продадени на аукција, при што приходите ќе им припаѓаат на организации за правата на животните.

Меѓу модните куќи кои не користат животно крзно се: Џорџо Армани, Хуго Бос и Стела Макартни.