”Грдото пајче” го возврати ударот!

”Грдото пајче” го возврати ударот!

Талула Вилис е ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, која порано била нарекувана “грдото дете”.

Таа не ги заборави навредите кои биле упатени на нејзина сметка кога била мала, па овој пат таа упати важна порака за сите “хејтери”.

Талула Вилис, најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, од мали нозе била жртва на секакви навреди од медиумите поради нејзиниот изглед. Постојано ја споредувале со нејзините родители и сестри и ѝ се чуделе на тоа како може таа да биде толку грда.

Медиумската тортура не престанувала, па кога имала само 13 години таа била прогласена за најгрдата личност во светот на славните. Неколку години подоцна таа јавно признала дека воопшто не се чусвтвувала убаво кога добивала погрдни коментари.

“Ме прашуваа како може да сум толку грда покрај толку убави родители”, открила Талула.

dedicated to everyone who called me ugly at 13 ☺️

A post shared by tallulah (Youthful Slimelord) (@buuski) on

tag yrself; I’m a Rumer

A post shared by tallulah (Youthful Slimelord) (@buuski) on