Gossip и Wolfmother на Егзит[07.02.2012 - 15:58 часот]
|
Exit со гордост објавува дека Gossip се враќаат на Main Stage во четврток, 12. јули 2012. година, со својата неприкосновена денс енергија!
Харизматичната Beth Ditto и нејзините колеги во Нови Сад ќе го донесат заводливиот post punk rock звук, како и посебниот музички став кој го претставија веќе со првите тактови на хитот "Standing in the Way of Control".

Уште едно свежо и возбудливо име простигнува на Петроварадинската тврдина, Wolfmother, австралиски бенд кој неретко го споредуваат со Black Sabbath, Led Zeppelin и Deep Purple. Wolfmother ќе настапат во недела, 15. јули на главната фестивалска бина.
Спојувајќи ги соулот и панкот, неверојатниот глас на Beth Ditto со бунтовничкиот став на антихероина на современата ера, како и заразниот денс ритам, Gossip мошне бргу ги придобија фановите со најразличен музички вкус. Нивниот трет албум Standing in the Way of Control" ги однесе во музичката елита, а со тоа и многубројни турнеи ширум светот.

"Music For Men" го издадоа 2009. година и тоа првпат за мејџор етикета, а хитовите од овој албум "Heavy Cross" и "Love Long Distance" повторно ќе го претворат Main Stage-от на Exit фестивалот во возбудлив подиум за танцување. Gossip работат и на новиот албум кој ќе го објават непосредно пред нивниот настап во Нови Сад.
Со својот ретро heavy rock стил и преданоста на звукот и лириката на седумдесеттите, Wolfmother мошне бргу го пронајдоа својот пат до публиката. Од првиот албум објавен во 2004. година, до признатото второ издание "Cosmic Egg" го поминаа патот обележен со признанија и награди, како што е Греми за песната "Woman".
Досега настапиле на повеќе стотини концерти ширум светот, а публиката на Exit ќе дознае зошто нивната музика е ултимативен микс на hard rock, grunge и funk rock што ретко кој остава рамнодушен.
Својот настап на овогодинешниот Exit, кој ќе се одржи од 12. до 15. јули веќе го потврдија легендарните New Order, world music сензацијата Buraka Som Sistema, a Dance арената ќе ја угости познатата етикета Cadenza Records.
По тој повод во Нови Сад доаѓаат Luciano, Reboot, Kenny Larkin, Robert Dietz и Maayan Nidam.
| [назад] |















