Google повторно ќе биде казнет!

Google повторно ќе биде казнет!

И покрај најголемата казна со која Европската Комисија го наложи= Google на крајот на јуни, на најголемиот онлајн пребарувач може повторно да и биде наметната и друга парична санкција и овој пат таа ќе биде поврзана со оперативниот систем Android.

Пред една недела Google беше казнет со рекордни 2,42 милијарди EUR по обвинение за монопол. Излегува дека во 2008 година компанијата ги прекршила нормите на ЕУ со промовирањето на нивниот сервис за шопинг – Google Shopping.

Проблемот со Android е дека сите уреди кои работат под овој оперативен систем, треба да се искористат Google Play во Chrome. Освен тоа партнерите кои произведуваат електроника во соработка со Google, им се забранува да инсталираат различни системи од Android .