Големиот Стоилов: Си должиме победа и себе и на публиката

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.03.2017 - 14:22

Ракометарите на Вардар в недела (17.30 ч.) во „Јане Сандански“ го пречекуваат Кристијанштад, во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардар е на првата позиција во групата Б и таму ќе ќе остане и на крајот од групната фаза, без разлика на резултатот од последниот натпревар со Кристијанштад. Но, сепак, тоа не ја намалува мотивацијата кај „црвено-црните“ да одиграат максимално и со победа да ја завршат оваа за Вардар досега најуспешна фаза во Лигата на шампионите.

Немаме никаков  притисок  и мислам дека треба да одиграме добар натпревар. За Кристијанштад ова е многу важен натпревар од кој зависи нивниот пласман во осминафиналето на ЛШ и сигурно е дека  влезат максимално. Имаат добар голман, брз напад, треба брзо да се враќаме во одбрана. Очекувам сите играчи да го дадат својот максимум и да завршиме со победа“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Капитенот Стојанче Стоилов во пресрет на завршниот дуел со Кристијанштад потенцира дека Вардар има обврска и пред себе и пред навивачите победнички да ја затвори групната фаза.

Први сме во групата без разлика на се. Но, професионалци сме и си должиме на самите себе и на навивачите да го завршиме овој дел со победа. Сериозно го сфаќаме Кристијанштад и овој меч и се надевма ќе одиграме добро ќе ја завршиме групната фаза со победа“ – истакнува капитенот на Вардар.

Како првопласирани во групната фаза, вардарци го прескокнуваат осминафиналето и обезбедуваат дирекетен пласман во четвртфиналето кое е последен филтер за настап на Ф4 турнирот во Келн.

Чекаме да видиме кој ќе ни биде противникот. Нема некој посебно кого го посакуваме или не го посакуваме. Има повеќе опции. Но, кој и да ни биде противник, наше е да играме, сепак тоа е четвртфинале во Лигата на шампионите“ – рече Стоилов