Голема сензација на почетокот на Светското првенство во скијање

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.02.2017 - 20:33

Во швајцарскиот Сент Мориц денес започна Светското првенство во алпско скијање, а на првиот ден од натпреварувањето голема сензација направи Никол Шмидхофер.

Австријката славеше во супервелеслалом трката иако никој не гледаше во неа сериозна конкуренција со оглед на тоа дека во кариерата само два пати досега била на подиумот, но ниту еднаш на првото место.

Шмидхофер (27) славеше со одлично време од 1:21.34, со што зад неа ги остави Тина Виратер од Лихтенштајн со заостанување од 33 стотинки, како и најдобрата скијачка во оваа категорија за оваа сезона, Лара Гут од Швајцарија со заостанување од 36 стотинки.

Најголемо разочарување приредија Американката Линдзи Вон и Австријката Ана Веит, кои не ја завршија трката. Веит, под моминското презиме Фенингер, пред две години го освои златото во оваа дисциплина.

Утре ќе се натпреваруваа мажите во супервелеслалом трката.