Goce SAF - Sektor 909

Објавено: 03.09.2011 - 11:28

"САФ" се појавија на македонската музичка сцена во 1993 година и своевремено беа едни од пионерите на македонската хип-хоп сцена. Гоце од "САФ" работи во Македонија како ди-џеј и продуцент, најчесто за странски артисти.

Веќе подолг период токму тој е одговорен и за одличната журка во четвртоците во ноќниот клуб "Сектор".

Оној кој отишол барем еднаш на неговите забави, знаe за какво журкање станува збор!

Интервјуво го направивме во студиото на Гоце пред неговиот синоќешен настап во "Сектор", а во прилог, и еден загревачки микс од него!

ЗаЗабава: Најпрво честитки за новото студио. Кое беше првото дело со кое ја сефтоса новата опрема?

Гоце: Благодарам! Повеќе е нова локација и средена акустика за старата и сакана опрема.

Во моментов работам на две песни за новиот албум на Едо Мајка и некако на нив им дојде редот да бидат први во новото студио.

Ќе имаме "feature" од две хрватски музички легенди што е посебна инспирација, но не би откривал кои додека не е се готово.

ЗаЗабава: Четвртоците во "Сектор" се резервирани за твоите ди-џеј сетови, но преку една недела настапуваш и како ви-џеј. Како го прифати публика тој момент?

Гоце: Се потрудив ви-џеј сетовите да имаат иста динамика како и класичните ди-џеј сетови, така да се задржува моментот на забавата, а кога ќе приметат дека одат спотови во "sync" со аудиото, луѓето во најмала рака се "извадени од памет"!

Контролата на видеото со помош на винил е доста нова работа и ќе помине време додека да стане стандард поради техничките услови кои треба да ги исполнуваат клубовите, но сигурно е дел од иднината.

Оваа недела во "Сектор" го местиме вториот проектор. Ќе биде интересно?! :-)

ЗаЗабава: Кои се петте песни во моментов без кои не може да помине журка во "Сектор"?

Гоце: Песни кои мислам дека се специфични за "Сектор", а на кои публиката најдобро реагира се повеќе од старата школа… "The Jackson 5 – I want you back" е број 1 летово, ремикси на постари македонски шлагери, како Зафир Хаџиманов – "Како Вардар", Маријана и Росана – "Признавам", Маја Оџаклиевска – "Сребрени улици"… па дури и нешто како Трајче Манев – "Осамен", во некој "реге лајф" ремикс за раните утрински часови.

Останатото е класика. Луѓето во глобала ги сакаат "MTV" хип-хоп и "r&b" хитовите од изминатите 2 децении.

Остатокот од интервјуто прочитајте го овде!

Симнување на миксот овде! (67mb *.mp3)

* клик десен клик на линкот и "Save Target As" за да го симнете миксот.

За преслушување на миксовите, користете го онлајн плеерот (десно).