Го "заборавиле" во самица

[28.01.2012 - 10:40 часот]

Американецот Стивен Слевин доби оштета во износ од 22 милиони долари бидејќи без судење поминал две години во самица. Откако конечно се сетиле на него тој бил ослободен од сите обвинувања.

Слевин бил уапсен во 2005 година во Ново Мексико со обвинување за возење во алкохолизирана состојба. Откако го привеле, полицајците го ставиле во самица, каде што ги поминал следните две години бидејќи бил "заборавен" од одговорните.

Случајот бил решен дури во 2007 година, кога судот ги отфрил сите обвинувања.

Слевиновиот адвокат кажал дека неговиот клиент бил неправедно затворен и оставен да пропаѓа во затвор, и додал дека Слевин во еден момент морал сам на да си вади заб откако му било одбиено барањето за посета на стоматолог.

Властите на Ново Мексико потенцираат дека во времето  на апсењето, Слевиновото криминално досие било испишано на 26 страници и планираат да се жалат за доделената оштета.

[назад]
Радио МОФ