Го спаси врапчето со својот здив!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 10:07

Еден добар човек по име Нелсон Вилсон излегол на студот за да си ги нахрани коњите, кога здогледал едно врапче чии ноџиња биле замрзнати и залепени на железната ограда.


"Утрото по Нова Година го забележав кутрото врапче. Не е првпат птиците да пијат вода од резервоарот, но ова изгледа си ги наводенило ноџињата и му се залепиле за оградата поради минусните температури. Прво се обидов со рака да му ги згреам ноџињата, но набрзо сфатив дека ќе биде поефективно ако ги згреам со мојот здив", напиша Вилсон.

И...успеало! Среќното и ослободено врапче одлетало, а Вилсон вели дека овој симпатичен гест е прекрасен начин да се започне Новата година. Навистина, браво! :)