Го посвоиле, но тоа не го напуштило својот најдобар другар!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 20:54

Кога Алејна Бринтон одлучила да посвои куче, не знаела дека од прифатилиштето за бездомни животни ќе си оди не со едно, туку со два нови најдобри пријатели!

Запознајте ги Луси и Сали, двете кучиња кои станале најдобри другари по суровата игра на судбината. Луси била најдена на улица, а Сали бил напуштен од неговите сопственици. Така тие завршиле во прифатилиштето, каде се засакале веднаш штом се здогледале.

"Луси ја видов на фотографија и веднаш посакав да ја посвојам. Но, кога дојдов во прифатилиштето, вработените ме замолија да го запознаам и нејзиниот најдобар пријател, бидејќи знаеја дека не можат еден без друг", вели Алејна.

Таа додава дека Луси постојано гледала накај Сали и се лепела за него, речиси како да сака да ѝ покаже дека не сака да го остави. Алејна ја сфатила пораката.

Седум години подоцна, овие најдобри другари живеат среќно со девојката која го разбра значењето на вистинското пријателстви и ги посвои и двете! :)