Гледајте и уживајте (фото)[15.02.2012 - 15:27 часот]
|
Ангелот на "Victoria's Secret" кој минатата година ја освои титулата "најсекси жена на светот", со своите комбинации на облека го привлекува вниманието и на мажите и токму затоа, беше прогласена и за икона на стилот.
Најголемата врева на синоќешните доделувања на наградите "Elle Style" во хотелот Савој во Лондон ја направи фустанот на 19-годишната манекенка Тали Ленокс која воедно е и ќерка на познатата пејачка Ени Ленокс.
Тали се прошета во креацијата на дизајнерот Џулиен МекДоналд која повеќе ги откриваше отколку што ги покриваше деловите од нејзиното тело.

Домаќинка на 15-тите доделувања на наградите наменети за луѓето со најмногу стил, според изборот на списанието Ел, беше Алекса Чунг која се одлучи за едно женствено сиво одело на Стела МекКартни.
Актерката Кристина Хендрикс која го привлекува вниманието каде и да се појави се одлучи за малку поконзервативен фустан закопчан до нејзиното грло, а огнената црвенокоса која ја доби наградата за најдобра Тв ѕвезда во серијата "Mad Man" одлично го истакна контрастот со виолетов фустан.

Рози Хантингтон - Витли, воедно и добитничка на наградата за "икона на стилот", ја оправда титулата со провиден фустан од Антонио Берарди.
Во необичен цветно-растителен стил се појавија пејачките Флоренс Велч и Пикси Гелдоф, додека Џилијан Андерсон и Наоми Харис се одлучија за интензивни бои.
Според изборот на списанието Ел, најдобриот модел е Изабели Фонтана која исто така е дел од "ангелите на Викторија" и таа носеше фустан кој ги потенцираше нејзините облини.

| [назад] |















