Ѓоковиќ го избра својот нов тренер!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.12.2016 - 21:38

Откако минатата недела Борис Бекер изјави дека ја прекинува соработката со Новак Ѓоковиќ, во тенискиот свет почнаа да кружат информации за можната негова замена, па на листата на потенцијални тренери се најдоа Пит Сампрас, Џон Мекинро, Андре Агаси и многу други.

Но, според најновите информации, српскиот тенисер решил довербата да му ја даде на Маријан Вајда, човекот кој се наоѓаше на чело на неговиот стручен тим од јуни 2006 година, па сѐ до декември 2003 година, кога одненадеш беше најавена соработката со Бекер.

Словакот во последните три години повремено беше покрај Ноле во најголемите моменти, а слободното време го посвети на кариерата на неговата ќерка Наталија Вајдова.

Ѓоковиќ со Вајда како главен тренер освои шест од 12 гренд слем титули. Со Бекер се крена на уште повисоко ниво, па конечно успеа во настојувањата да го освои Ролан Гарос, но после триумфот во Париз во јуни оваа година, дојде до промена на приоритетите на Новак, поради што Бекер реши да си замине од тимот.

Па така, Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со стручниот тим со кој беше до декември 2003 година, со дополнителното засилување од "гуруто" Пепе Имази.

Дали Новак ќе успее да се врати на првата позиција со новиот тим ќе видиме идната година, а првиот тест ќе биде одбраната на титулата на Австралија Опен од 16-ти јануари.