Гатузо заработува 60-пати помалку од Алегри!

Гатузо заработува 60-пати помалку од Алегри!

Италијанските медиуми во изминативе неколку дена на големо пренесуваат дека Милан му подготвува нов договор на Џенаро Гатузо, сето тоа како награда за добро сработената работа откакко го презема тимот.

Рино не започна баш добро со оглед на тоа што претрпе шок од Беневенто, но полека успеа да ги консолидира редовите на тимот и веќе цели осум натпревари Милан не знае за пораз под водство на легендарниот играч за врска. Она што ги плени фановите на Милан кога е во прашање Гатузо е скромноста и посветеноста која ја покажува Џенаро, а сега уште повеќе стана хит меѓу навивачите на „росонерите“ откако беше откриено за колку мала сума ја извршува функцијата на тренер.

Угледната „Газета“ денеска ги откри платите на тренерите во Серија А, а верувале или не, Гатузо е убедливо најслабо платен стручњак во италијанската елита од сите 20 клубови кои се натпреваруваат. Рино сè уште ја прима платата од Примавера и заработува само 120 илјади евра на годишно ниво, двојно помалку од Фабио Печиа, тренерот на Верона кој котира како претпоследен со 250 илјади евра годишна плата.

Неверојатен е фактот кој вели дека Гатузо заработува 60-пати помалку од Масимилијано Алегри кој има годишна плата од 7 милиони евра како најплатен во Серија А, а само за споредба, Монтела кој беше отпуштен од Милан пред Џенаро да го преземе тимот беше под договор со 3 милиони евра годишна заработка.