“Game of Thrones” ќе се снима до лето,a првата епизода во 2019 година

“Game of Thrones” ќе се снима до лето,a првата епизода во 2019 година

Иако новата сезона на мегапопуларната серија “Game of Thrones” ќе има најмалку епизоди досега, продуцентите имаат полни раце работа како и во претходните сезони.

Како што откриваат актерите, осмата сезона ќе се снима до идното лето, а емитувањето на првите епизоди ќе започне во 2019 година. Лијам Канингам, кој го глуми сер Давос во серијата, изјавил за “TV Guide” дека новите епизоди дефинитивно ќе бидат подолги и потензични.