Game Boy е повторно актуелна занимација?

Game Boy е повторно актуелна занимација?

Сигурно сите се сеќавате на популарниот Game Boy на компанијата Nintendo кој би можел да биде еден од оние класични гејминг конзоли кои што ќе направат голем кам-бек.

Шпекулациите за враќањето на Game Boy се појавија кога од компанијата Nintendo на 15-ти септември оваа година, објавија низа на содржини за кои што фанови сметаат дека укажува на враќање на популарната гејминг конзола.

Покрај објавената содржина, стоеше и фотографија на игра за Game Boy, по што фановите беа сигурни дека Nintendo се подготвува за враќање на познатата конзола на сцената.

Сето ова можеби и ќе беше само една нова, обична гласина, доколку не се приближува 30-годишнината на Game Boy, па многумина сметаат дека е логично Nintendo да работи на повторно оживување на конзолата која што ја зголеми популарноста на оваа компанија.

Game Boy беше претставен во Јапонија и Северна Америка во 1989-та година, а една година подоцна и во Европа.