Фудбалерите се најдобро платени спортисти за 2016 година

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 03.02.2017 - 17:33

Според традиционалната листа на магазинот "Forbes", фудбалерите се на врвот на најплатените спортисти во светот.

Самиот трон го завзеде Кристијано Роналдо, кој го "победи" Лионел Меси во гласањето за најдобар фудбалер во светот, како и на листата на најплатени спортисти во 2016 година.

Имено, напаѓачот на Реал Мадрид се наоѓа на првото место со заработка од 88 милиони долари, за осум повеќе отколку во 2015 година, додека Аргентинецот е втор со заработени 81 милиони долари.

Во првите три е и кошаркарот Леброн Џејмс со 77,2 милиони долари, а зад него следуваат тенисерот Роџер Федерер со 67,8 милиони долари, кошаркарот Кевин Дурант со 56,2 и тенисерот Новак Ѓоковиќ со заработка од 55,8 милиони долари.

Некогаш најплатените спортисти, голф играчот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер не имаа најдобра година, па се најдоа дури на 12-тото, односно 16-тото место.

Инаку, пред Кристијано Роналдо, само легендарниот Мајкл Џордан успеал да се најде на врвот на листата на најплатени спортисти кои не се во индивидуални спортови.

Исто така, интересно е тоа што освен Роналдо и Меси кои се наоѓаат на самиот врв, нема ниту еден друг фудбалер во првите 20 места.