Фризурата која некогаш беше смешна, ќе стане летен хит

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.05.2017 - 18:00

Во последните неколку сезони, во мода се враќаат фризурите кои се чини се одамна заборавени.

Минатата година тоа беше рибината коска, а сега тоа се - пунџите.

Пола - пунџите , односно во помодерна верзија палмите се вистински хит оваа сезона. Дури во мода се комбинација на рибина коска и пунџа. Станува збор за кики кои се сплетени во пунџа, а можат да се обликуваат од целата коса или само од дел од неа.

Оваа фризура беше главен хит на фестивалот Коачела, а многу девојки дополнително ја украсуваа со светки, плетенки и други украси за коса.