Ford GT е суперспортски автомобил кој развива 347 km/h

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.01.2017 - 14:12

После долго чекање, или поточно две години од претставувањето на својот концепт за втората генерација на GT, Ford конечно реши да ги обелодени техничките спецификации на својот суперспортски автомобил.

Имено, овој автомобил ќе биде произведен во 1.000 примероци, а претставува еден од визуелно најубавите автомобили кои излегле од фабриката на Ford.

Станува збор за автомобил кој поседува 3,5-литарски V6 EcoBoost битурбо мотор, кој развива 655 КС и 745 Nm обртен момент. Максималната брзина изнесува 347 km/h, со што GT и официјално е најбрзиот продукциски Ford во историјата на компанијата.

Од Ford гордо објавија дека GT на канадската патека Calabogie Motorsports Park остварил време кое го става пред автомобилите како што се McLaren 675LT и Ferrari 458 Speciale.

Само за потсетување, Ford во фабриката во Канада ќе произведува само 250 примероци годишно, а вкупното производство е планирано да трае четири години. Основната цена на автомобилот ќе биде околу 450.000 долари, а според моменталната заинтересираност веруваме дека нема да имаат проблем да ги продадат сите примероци.