FKA twigs има главна улога во новата кампања на Најк!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 20:22

Најк овојпат направи полн погодок со новата кампања во која главна улога има музичарката FKA twigs - тоа освен што изгледа вонземски прекрасно, таа го направи концептот, го режираше и го сними саундтракот за целиот проект!


Насловот на овој одличен проект е "Do You Believe in More?" и навистина го одразува уникатниот стил на FKA twigs. За потребите на снимањето таа собра 12 неконвенционални спортисти, а идејата која стои зад сето ова е да се скршат стереотипите околу тоа што е дефиниција за спортист.

"Од брејкденсерката Саскиа Хортон до светскиот шампион во карате Џеј Киртон, идејата е да се истражат границите на спортот без никакви предрасуди", изјави 28-годишната FKA twigs.

Генијалните движења на FKA twigs и нејзиното урбано племе во совршена комбинација со одличните парчиња од новата колекција на Најк се прав погодок и гарантирано ќе го обожавате видеово :)