Филм за 20.000 милји под морето

Објавено: 27.02.2011 - 13:05

Новиот филм на Дејвид Финчер ќе ги обработи случувањата на популарниот авантуристички роман на Жил Верн Мистериозниот капетан Немо е еден од главните ликови на "20.000 милји под морето", по што на неговата фантастична подморница "Наутилус" случајно пристигаат двајца "непоканети гости".

Дејвид Финчер - режисерот на голем број филмски хитови

Финчер долго преговарал за реализација на овој проект, а снимањето ќе почне откако ќе ја заврши адаптацијата на "Девојката со тетоважа змеј", првиот дел од трилогијата "Милениум" од Стиг Ласон.

За разлика од романот, филмот "20 илјади милји под морето: Капетан Немо" ќе се занимава со случувањата пред книгата на Жил Верн, односно со подвигот на капетанот да ја изгради неговата подморница "Наутилус".

Сеуште не е дефинирано кој ќе го глуми најпознатиот книжевен капетан на подморница, но наводно Финчер веќе преговара со најголемите холивудски имиња.

Премиерата на филмот е закажана за 2013 година.