„Fifty Shades Freed“ со заработка од 38,8 милиони долари

„Fifty Shades Freed“ со заработка од 38,8 милиони долари

Премиерата на „Fifty Shades Freed“ на студиото Universal доминираше како избор број еден за посетителите на кината во Северна Америка и викендот го заврши со заработка од 38,8 милиони долари.

Комедијата „Peter Rabbit“ помина подобро од очекуваното со заработка од 25 милиони долари, а тројката најуспешни филмови на киноблагајните викендов ја заокружи трилерот на Клинт Иствуд „The 15:17 to Paris“ во продукција на Warner Bros. со заработка од 12,6 милиони долари.

Финалето на франшизата Fifty Shades имаше меѓународна премиера на 57 пазари ширум светот во текот на викендот и има светска заработка од околу 1,09 милијарди долари.

Вака изгледа комплетната листа на филмови со најголема заработка во изминатиов викенд:

1. Fifty Shades Freed  – 38,8 милиони долари

2. Peter Rabbit   Sony – 25 милиони доалри

3. The 15:17 to Paris – 12,6 милиони долари

4. Jumanji: Welcome to the Jungle – 9,8 милиони долари

5. The Greatest Showman – 6,4 милиони долари

6. Maze Runner: The Death Cure – 6 милиони долари

7.  Winchester – 5,05 милиони долари

8. The Post – 3,5 милиони долари

9. Hostiles – 3,2 милиони долари

10. The Shape of Water – 3 милиони долари