ФИФА се смилува над Пауло Гереро

ФИФА се смилува над Пауло Гереро

Пауло Гереро беше суспендиран на една година поради паднатиот допинг тест на кој бил позитивен поради користење кокаин.

Тоа беше неверојатно тажна вест за него, за Перу, но и воопшто за фудбалот, бидејќи ова за Перу е прв Мундијал по повеќе од 30 години, а тој таму ги водеше како капитен и најдобар стрелец и играч во квалификациите.

Фудбалерот на бразилски Фламенго секогаш се отповикувал на повикот на својата земја, бил симбол на својата репрезентација и никогаш не ги оставал на цедило, а сега има статус на херој во својата земја откако ги одведе на СП. Но, по натпреварот со Аргентина во октомври, тој беше позитивен на допинг тест, но си најде оправдување.

Со оглед на тоа дека во Перу е популарен чајот од кока, Гереиро изјави дека келнерот не ја исчистил добро чашата во кафе барот во кој бил и на истата останале траги од кока. Иако се чинеше дека му нема спас, ФИФА се смилува и ја преполови неговата суспензија, која првично беше една година.

Сега, тоа е намалено на шест месеци, така што истата ќе истече до Мундијалот и таму како капитен веројатно за прв и последен пат ќе ја води репрезентацијата на едно такво натпреварување.

Во Европа најмногу се прослави во Баерн Минхен и Хамбургер, а идната година со 34 години зад себе, ќе биде еден од капитените на Светското првенство без оглед на тоа што поради кокаин падна на допинг тест.