ФИБА со нови термини за квалификациските натпревари

ФИБА со нови термини за квалификациските натпревари

ФИБА ги промени термините за Мундијалските квалификации во ноември и февруари.

Спорни беа таканаречените „прозорци“ и неможноста играчите од НБА и од Евролигата да бидат со национални тимови.

Предлози дава и ФИБА и Евролигата, а на крајот на септември состанок имаа генералниот секретар на ФИБА Патрик Бауман и претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу.

Извршниот комитет на ФИБА одлучи квалификациските натпревари во ноември 2017 и февруари 2018 да ги премести од четврток во петок. Ова решение, според ФИБА, им овозможува на клубовите на Евролигата да се натпреваруваат со најдобрите играчи и да им дадат на истите кошаркари можност да играат за националните тимови.