Ferrari 308 GTS Quattrovalvole продаден за скоро 200.000 долари

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.02.2017 - 17:19

Доколку се сеќавате на серијата "Magnum, P.I.", тогаш сигурно сте го забележале автомобилот Ferrari. Епа, токму еден од тие автомобили Ferrari 306 GTS Quattrovalvole кои беа користени за снимањето, сега се продаде за 181.500 долари.

Ова е скоро двојно повеќе од истиот таков модел кој немаше "филмска кариера".

Инаку, "Magnum, P.I." беше популарна телевизиска серија во 80-тите години, која беше снимана на Хаваите. Актерот Том Селек беше главниот протагонист кој решаваше криминални случаи, а живееше на имот на милионер, па го возеше неговиот Ferrari 308.

Откако бил искористен за потребите на серијата, автомобилот имал само два сопственици, а судејќи според фотографиите сѐ уште е во одлична состојба.

Има поминато околу 57.000 километри, а поседува сервисна книга и сметки од сервисирањето во 2015 година вредно 5.000 долари.