Ферарито на Мајк Тајсон ќе биде дадено на аукција!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 19:00

Автомобилот Ferrari F50 сам по себе е доста импресивен, но овој пат станува збор за посебен модел, бидејќи му припаѓаше на легендарниот боксер Мајк Тајсон.

Овој автомобил ќе биде продаден на аукција на 11-ти март, а се работи за 73-от примерок од вкупно 349 произведени автомобили, од кои само 50 се со американски спецификации.

Првиот сопственик на овој автомобил бил Тајсон, кој го продал после неколку години. Тој со автомобилот поминал 7.886 km, а вториот сопственик, бизнисменот Кевин Маркус изгледа повеќе го поштедил, бидејќи сега бројката на поминати километри е 9.164 km.

Автомобилот е во одлична состојба, бил редовно одржуван, па се очекува да достигне сума до 2,4 милиони долари.