Фелисити Хуфмен за повторното собирање на Очајните Домаќинки

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.05.2017 - 12:30

Поминаа 5 години од последната сезона на Очајни домаќинки, а публиката која верно ги следеше 8 години се надева дека екипата од Вистерија Лејн повторно ќе се собере, сега кога сме сведоци на продолжението на една од култните серии како Бекство од затвор, Досие Х или Вил и Грејс.


Дека во иднина би можело ова да се случи го потикна актерката Фелисити, која го играше ликот на Линет Скаво.

Зарем веќе поминаа 5 години? - се запраша таа на Твитер. Им испраќам љубов на фановите на Очајни домаќинки. Како тие 8 години беа неверојатни. Да се собереме повторно? - ги праша таа своите следбеници.

Па кој знае, сепак тоа е Холивуд, па можеби ќе го гледаме продолжението на оваа серија...барем се надеваме.