Фејсбук воведува реклами на видеата подолги од 90 секунди

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 16:24

Социјалната мрежа Фејсбук наскоро планира да воведе рекламни пораки на видеата подолги од 90 секунди, а слично како и на YouTube, видеото ќе биде прекинато после 20 секунди и ќе биде продолжено откако ќе заврши рекламата.

Планирано е рекламите да траат 15 секунди, а да бидат емитувани на средината од видеото, само кај видеата кои се подолги од 90 секунди.

Сепак, како што претходно беше случај и со YouTube, експертите очекуваат дека времето на рекламните пораки ќе расте и на Фејсбук. Покрај обичните видеа, овие реклами се очекува да се воведат и на сѐ попопуларните преноси во живо.

Според последните истражувања, корисниците на Фејсбук дневно прегледуваат видеа во траење од повеќе од 100 милиони часови, па овој потег на најголемата социјална мрежа воопшто не нѐ изненадува.

Инаку, Фејсбук овој пат најави дека заработката од рекламите ќе ја дели со огласувачите, како што тоа е случај и со YouTube. Фејсбук планира да зема 45% од заработката.

Рекламите кои ќе се појавуваат во видеото кое го гледате на Фејсбук ќе се бираат врз основа на вашето движење и интересирање за работите на мрежата. Тестирањето треба да започне наскоро.