Фејсбук тестира опција за групни повици во "Messenger"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.12.2016 - 15:23

Компанијата Фејсбук започна со тестирање на групните видеоповици за десктоп верзијата на својата апликација "Messenger".

Тестовите се вршат на одредена група на корисници, а оние кои влегле во тест групата ќе забележат икона од телефон во своите групни пораки, пишува "TechCrucnch".

Со притискање на иконата, корисниците ќе можат да ги повикаат другите во групата на видео разговор. Фејсбук направи нешто слично и со мобилната верзија на "Messenger" во април оваа година.

Инаку, "Messenger" забележа неверојатен раст на бројот на корисници во изминатава година, па месечно има повеќе од една милијарда активни корисници. Ова го постигнаа со додавање на низа можности и подобрувања.

Неодамна Фејсбук додаде и нова опција со специјални ефекти, која многу потсеќа на Снепчет, а корисниците можат да додадат фотографија или видео кои исчезнуваат после 24 часа.