Федерер најави дека ќе игра уште барем три години!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.02.2017 - 17:41

Роџер Федерер, омилениот тенисер на многумина, ги израдува своите фанови откако најави дека го потпишал тригодишниот договор за настап на турнирот во Базел, што значи дека 35 годишниот Швајцарец нема да го остави рекетот уште барем три години.

Федерер, кој во својата кариера има освоено 18 Гренд Слем турнири, во јануари после победата на Австралија Опен наговести дека наскоро би можел да ја заврши својата кариера.

"Се надевам дека ќе се видиме и идната година. Ако не, ова беше фантастична низа и не би можел да бидам посреќен", изјави тогаш тенисерот.

Но, неговите навивачи сега можат да се опуштат, бидејќи Федерер во наредните три години ќе настапи најмалку уште на еден турнир.

"Едвај чекам да се вратам дома на есен. Да се игра во Базел секогаш претставува врв на сезоната", додаде тој.