
ФБИ ќе ги следи ФБ и Твитер[27.01.2012 - 14:33 часот]
|
Корисниците на социјалните мрежи како што се Фејсбук, Твитер и Google+ и во иднина ќе ги следи американското Федерално истражувачко биро (ФБИ).
Блогот NewScientist.com тврди дека податоците од социјалните мрежи, ФБИ ќе ги користи со цел подобро да одговори на кризата во светот. Во ФБИ потврдиле дека во иднина ќе ја следат содржината која ја објавуваат корисниците на најголемите социјални мрежи.

"Сакаме да направиме систем кој автоматски ќе ги пребарува Фејсбук, Твитер и Google+ на клучните зборови како што се тероризам, надзор, интернет, криминал и други зборови кои ќе ни користат во мисиите", NewScientist.com ја пренесува изјавата на службените лица на ФБИ.
ФБИ бара компании кои би можеле да направат ваков систем за нивните потреби.
Тие се надеваат дека со овој систем ќе ги откријат можните закани врз американските амбасади ширум светот, ќе го предвидат тероризмот, како и другите нелегални работи кои се објавуваат на социјалните мрежи.
Исто така NewScientist.com наведува дека ФБИ ќе ја следи работата и интеракцијата на одредени групи на социјалните мрежи.
"Ќе ги следат нивните акции, договори, движења и сето она кое може да им изгледа сомнително".
Иако ФБИ вели дека ќе ги користи информациите кои и се на располагање само на јавноста, групата која се залага за правата на интернет корисниците веќе предупреди за несаканото влијание.
Џенифер Линч, една од представничките на оваа група, изјави дека луѓето кои се на социјалните мрежи, веруваат дека нивните статуси и текстови ги читаат само нивните пријатели и личностите на кои им го одобриле тоа.
"Се плашам какво влијание ќе има ова врз слободата на говорот во Америка", кажала Линч.
Компаниите кои сакаат да бидат на бидат на услуга на ФБИ и да направат програма која ќе ги пребарува "сомнителните" пораки имаат рок за пријавување до 10 февруари.
| [назад] |















