ФБ ја уништува љубовта?!

[27.01.2012 - 12:10 часот]

Фејсбук е социјална мрежа која што е корисна за многу нешта... Благодарение на овој сервис можете да стапите во контакт со старите пријатели, да ги разгледате фотографиите од патувањето на кое што вашата колешка си поминала лудо и незаборавно, да споделите со остатокот од светот нешто што ви се случило и слично...

Но, дали Фејсбук "работи за вас" и кога станува збор за вашиот љубовен живот?

Твитер и Фејсбук се непресушен извор на информации за личноста која што ви се допаѓа и не е лесно да одолеете на искушението да не го рагледате нејзиниот профил... Но, Фејсбук може да се претвори и во "минско поле", па затоа морате да бидете внимателни.

Значи, пред да стиснете на "refresh" по кој знае кој пат во текот на денот, запрашајте се дали со тоа ја минирате сопствената врска.

Дали Фејсбукот е ваш "прозорец" во светот на личноста со која сте во врска? Ако е така, тогаш веднаш тргнете се од пред компјутерот. Слушнете се на телефон, излезете на кафе... Разговорот преку интернет никогаш не може да го замени разговорот во живо!

Дали ви се случува да ве вознемируваат нештата кои што ќе ги видите на профилот на вашиот партнер?

Постојат многу нешта кои може да предизвикаат недоразбирања, од стари фотографии до коментари на пријатели кои што се извадени од контекст и слично, но доколку сте виделе нешто што сериозно ви пречи, задолжително разговарајте за тоа со вашиот партнер.

Не треба да дозволите вашето незадоволство само да се "таложи", затоа што кога-тогаш истото ќе излезе на површина, а ако го одложувате разговорот на тој начин само ја влошувате ситуацијата.

Никогаш не донесувајте пребрзи заклучоци само врз основа на она што сте го виделе на Фејсбук.

Дали вашиот партнер знае колку често го посетувате неговиот профил? Ако си дозволите себе си да премолчувате некои нешта кои што сте ги виделе таму, тоа не е добар знак.

Ако подоцна истото несакајќи го кажете, партнерот ќе почувствува дека го шпиунирате, а тоа сигурно не доведува до добар развој на настаните...

Иако денес луѓето речиси и да не можат да си го замислат животот без Фејсбук, не ги запоставувајте односите со луѓето кои се градат врз основа на љубов и доверба.

Социјалните мрежи се добри и корисни се додека не ги нарушуваат нормалните човечки односи.

[назад]
Радио МОФ