„Fast and furious 9“ ќе го чекаме дури до 2020 година..

„Fast and furious 9“ ќе го чекаме дури до 2020 година..

„Fast and furious 9“ според официјалните најави на социјалните мрежи Twitter и Инстаграм, во светските кино – сали премиерно ќе биде прикажан на 10 април 2020 година.

Вин Дизел уште во 2016 година за магазинот E! Online истакна дека „Fast and furious 9“ премиерно ќе биде прикажан на 19 април 2019 година.

Овој датум обожавателите на популарната франшиза го исчекуваа со големо нетрпение, за сега да биде јасно дека филмот ќе се прикаже дури во 2020 година.

Покрај ова, познат е и датумот на премиерно прикажување и на десеттото продолжение од овој акционен филм.

Според најавите тоа ќе биде на 2 април 2021 година. Меѓутоа овие датуми се уште треба да бидат земени со резерва поради непредвидени околности.

Таква ситуација се случи кога беше одложено снимањето на „Fast and furious 7“ поради смртта на познатиот холивудски актер Пол Вокер.

Тој го глумеше Брајан Оконор во споменатата филмска франшиза.