Фановите на Реал не сакаат Бејл, Роналдо и Бензема да играат заедно

Извор: 24 фудбал | Објавено: 06.03.2017 - 12:27

Анкетата на „АС“ покажува дека дури 77% од навивачите не сакаат Бејл, Роналдо и Бензема заедно да стартуваат на мечот од Лигата на шампионите против Наполи.

Реал Мадрид изгледаше супериорно во саботата против Еибар, конечно одигра една одлична партија и покрај тоа што во тимот недостасуваа Герет Бејл и Кристијано Роналдо.

Тој факт отвори дебата во шпанските медиуми, дали Реал Мадрид е подобар доколку во тимот бидат изоставени дел од најголемите ѕвезди.

Анализите велат дека Реал Мадрид во Еибар беше посупериорен, покопактен и понапорно работеше со Џејмс Родригез, Лукас и Асенсио во стартниот тим.

За дуелот со Наполи во комбинација се враќаат Бејл и Роналдо. Фановите на Реал Мадрид беа запрашани дали на Сан Паоло сакаат да стартуваат со триото Бејл, Ронало, Бензема. Дури 77% посто одговориле негативно.