Facebook во јуни почнува со ТВ серија

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.05.2017 - 10:30

Според новите извештаи на Facebook наскоро ќе почне да се прикажува телевизиска серија. Busines Insider тврди дека од средината на јуни ќе ја емитува својата ТВ серија.

На почетокот ќе бидат две сезони на различни серии од по 12 епизоди, како што наведуваат повеќето извори, Business Insider известува дека од Facebook имаат зелено светло да почнат и со повеќе серии.

Facebook во моментов спрема две серии, еднaта ќе биде високобуџетна и со поголемо траење, додека другарата ќе биде поефтина и би траела 10тина минути, а новите епизоди да се објавуваат секојдневно.