Фабрегас никогаш не планирал да го напушти Челси

Фабрегас никогаш не планирал да го напушти Челси

Цеск Фабрегас тврди дека иако имаше многу шпекулации дека ќе го напушти Челси, тој во ниту еден момент не размислувал да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Фабрегас на почетокот не беше во плановите на Антонио Конте, меѓутоа набрзо Шпанецот докажа дека има квалитети за првиот тим на Челси, па беше еден од најдобрите играчи минатата сезона во екипата на Италијанецот која што ја освои шампионската титула во Премиер лигата.

„Заминувањето, искрено, не беше опција. Знам што можам да ѝ дадам на екипата, па иако не бев во тимот, одлучив да останам и да се борам. Кај Конте немате друга можност, освен да се борите и на секој тренинг и на секој натпревар да дадете 100%. Нема да негирам, тоа беше тешка сезона“, изјави Фабрегас и додаде:

„Многумина не знаат низ што поминав тие месеци. Имаше луѓе кои што ми говореа дека не вреди да се трудам повеќе. Само моето семејство знае низ што поминував“, изјави Фабрегас.