Exit постави нов историски рекорд со максимални 215.000 посетители

Exit постави нов историски рекорд со максимални 215.000 посетители

EXIT 2017 постави нов рекорд на посетеност со историски максимум од 215.000 посетители и влезе во новата ера! 

Овогодинешното издание ќе биде запаметено по неколку големи пресвртници како Day Zero (Ден Нула) кој започна со апсолутни хедлајнери на главната бина – The Killers, но и новата, реновирана и уште поспектуларна mts Dance Arena за кога пристигнуваат пофалби од сите страни.

И оваа година церемонијата за време на отворањето беше една од главните теми на разговор во регионот по 17-годишната историја на фестивалот, чиј општествен ангажман и официјално се пресели на глобалната сцена со емотивниот говор на Заштитникот од племето Standing Rock кои денес се на првата линија на фронтот за заштита на животот на Земјата.

EXIT со ова издание влезе во нова ера која најдобро го отсликува повикот на Нико Вујичиќ од главната бина после 50 години од познатото Лето на Љубовта, да се свртат едни кон други со највисоката универзална вредност – љубовта и со порака до публиката – никогаш и по ниту една цена да не отстапуваат од своите соништа.